Курти: Владата се залага за целосен реципроцитет, за да има правда во односите на Косово со Србија

9

Владата се залага за целосен реципроцитет, за да има правда во односите на Косово со Србија, рече косовскиот премеир Курти. Според него, би требало да има меѓусебно признавање на државите.

„Реципроцитетот не е одмазда, туку сметаме дека тоа е принцип на добрососедски односи, концепт на еднаквост. Косово и Србија не можат да имаат нееднакви асиметрични односи, па како независна држава, како влада, ќе се залагаме за целосен реципроцитет кој би донел правда за земјата во смисла на нашите односи, а во рамки на овој реципроцитет заемното признавање треба да биде центарот, односно Србија да го признае Косово“, кажа Курти.

Тој ги отфрли обвинувањата на опозициските партии дека им штети на односите со САД поради откажувањето на проектот на гасоводот,

„Тврдењата не се точни, во контакт сме со МЦЦ, разговараме и за тоа како во оваа фаза е најдобро да се искористат средствата кои ќе ни помогнат во нашите енергетски политики. Значи, ако кажавме дека ни се потребни повеќе информации и студии, тоа не значи дека сме одбиле, туку значи дека сме одговорни. Американските средства се добредојдени и посакувани, ќе ги користи нашата влада“, кажа Курти.