Курти: Во Косово не може да има здружение по етничка основа

12

Барањата за формирање на „моноетнички здруженија“ не доаѓаат од обичните луѓе, туку од политичарите и северните соседи. Косово не може да има здружение на етничка основа – одговори косовскиот премиер Албин Курти на американскиот амбасадор Филип Коснет, кој на почетокот на неделава истакна дека Косово се обврзало да формира Унија на српски општини.

„Не мислам дека во правниот и уставниот поредок на Косово е можно здружување на етничка основа. Може да има здружение на општини на развојна основа, може да биде на географска основа. Земете го здружението Ругова планини, Шар Планина или реката Лепенец“, рече Курти.