Курти го кажа условот за да дискутира со Вучиќ и Рама за мини-шенгенот

5

Лидерот на Самоопределување, Албин Курти, кој е најсериозен кандидат за нов премиер на Косово, во своето гостување во емисијата „Опен“- на Топ Чанел, зборуваше и за „мини шенгенот“ која што е актуелна тема. Тој вели дека има еден услов за да разговара за идејата на Вучиќ и Рама.

– Ако мини-шенгенот го задржува реципроцитетот Косово-Србија тогаш може да дискутираме. Ќе ја свикав владата и бизнис заедницата за наше учество во оваа иницијатива. Косовските патенти не се признаваат во Србија, можеш да бидеш казнет со 800 евра. Преку мини-шенгенот, Србија сака да ги искористи нашите автопати, кажа Курти.

Албанија, Македонија и Србија досега имаа неколку средби за оваа идеја, но Косово досега не земаше учество.