Курти: Србија призна дека никогаш вистински не го имала Косово

3

Аљбин Курти синоќа изјави дека не може да има договор со Србија, ако нејзиниот пристап е дека и таа во преговорите мора нешто да добие.

Коментирајќи ја одлуката на претседателот на Србија Александар Вучиќ дека Србија мора да добие нешто на Косово, Курти оцени дека тоа не може да биде почетна точка да се решаваат проблемите.

„Пристапот на Србија „и ние мора да добиеме нешто“, нема да доведе до договор. Тоа не може да биде почетната точка за решавање на проблемите. Не сме тука за да храниме апетити, туку да ги залечиме раните“, кажа Курти.

Тој кажа дека со таквиот пристап не може да се најде решение, но додаде дека со западните држави може да се создаде контекст во кој може да се најде решение.

Курти истакна дека „Србина призна дека никогаш вистински не го имала Косово, и дека го изгубила за време на режимот на Милошевиќ“.