Куршум во плико: Конте доби полициска заштита по смртните закани

7

Тренерот на Интер, Антонио Конте доби полициска заштита откако на негова адреса беше испратено плико со куршум, и писмо со заканувачка порака.

Конте добил писмо од анонимен испраќач во кое имало „серија закани“ по неговиот живот но и неговите најблиски, кои деновиве минувале низ навистина тешка ситуација.

Куршумот во плико во Италија е веќе добро познат начин за заплашување. Во минатото слични пратки добивале и бројни италијански политичари. Истрагата е отворена, а Конте во меѓу време, за секој случај, доби полициска заштита.

Конте се најде на мета на навреди, критики и закани од навивачите на Јувентус, неговиот поранешен клуб, откако го презеде кормилото на клупата на Интер.