Лавров: Третата светска војна би била нуклеарна и деструктивна

23

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска порача дека третата светска војна би вклучувала нуклеарно оружје и би била деструктивна, пренесе агенцијата РИА.

„Руската специјална операција во Украина беше започната со цел да се разоружи актуелниот режим во Киев и да се спречи набавката на нуклеарно оружје“,изјавил Лавров во интервју за „Ал џезира“, а пренесува руската агенција ТАСС.

Тој истакна и дека Русија нема да дозволи Украина да добие нуклеарно оружје.

„Воената операција во Украина, вклучувајќи го и Киев, имаат за цел разоружување на Украина. Русија нема да дозволи Украина да добие нуклеарно оружје. Ние сме веќе подготвени за втора рунда преговори, но украинската страна игра како што ќе има кажат САД“,додаде Лавров.

Како што извести портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, втората рунда преговори меѓу двете земји веројатно ќе се одржи вечерва.

За потсетување, седмиот ден од војната во Украина го одбележаа едни од најтешките напади на градовите од почетокот на руската воена инвазија. Русија продолжи да ги засилува копнените напади на јужните градови Мариупол и Херсон, кој, според последните информации, е заземан од руските сили, иако Украина ова го негира.