Лажна е дојавата за бомба за ОУ Лирија во Тетово

12

 

Лажна е дојавата за бомба за основно училиште Лирија во Тетово каде денес пристигна електронска пошта  со содржина дека во училиштето има поставено експлозивна направа, изјавија од Секторот за јавни дејности при Општина Тетово за Слободен печат. Од утре нормално ќе продолжи наставата, дополнуваат од секторот.

„Ние како општина и порано сме имале контакти со МВР за таквите дојави што ги имаше и во другите градови. Исто така, сме ги информирале основните и средните училишта, ако има таква најава веднаш да пријават во СВР Тетово, за да можеме ние да стапиме во контакт со МВР. Денеска првично за во ОУ „Лирија“ беше најавено дека има стигнато емаил бо кој пишува дека има бомба во училиштето. Ние веднаш како сектор реагиравме, го информиравме МВР и нивните екипи дојдоа во училиштето Лирија. Имавме дојава и за ОУ „Кирил и Методиј“. По извршениот увид во ОУ Лирија од страна на МВР е констатирнао дека нема ништо во училиштето, денеска нема да има настава, но од утре ќе се вратат децата во училиште и наставата ќе продолжи. Апелирам да не се крева паника ние сме во постојан контакт со МВР со сите училишта и мислам дека овие лажни дојави веќе треба да престанат, дека се креира паника кај децата и родители и наставници, рече Назми Даути раководител на Секторот за јавни дејности при Општина Тетово.

Од раководството на ОУ „Лирија“ велат дека дојавата за бомба ја прочитале после 9 часот. За да не се вознемират децата, им кажале дека треба да го напуштат училиштето, оти требало да се врши дезинфекција.

„Имавме дојава за бомба во 9 и 32 минути и веднаш реагиравме. Ги извадивме децата надвор од училиштето и тоа беше се. Немаше паника кај учениците сите полека излегоа и колегите. Им рековме дека ќе се врши дезинфекција во училиштето и затоа ги извадивме надвор, полека , немаше паника и проблеми, рече Мамудије Амети директорка на ОУ Лирија Тетово.

Градоначалникот Билал Касами по дојавата за бомба се огласи на својот Фејсбук профил

„Имајќи предвид дека вакви вести имало и во други градови и дека истите се посочени како лажни, сепак мора да бидеме внимателни.Воедно, соопштуваме дека вакви предупредувања нема во другите основни и средни училишта и ситуацијата е под контрола.Апелираме до граѓаните, наставниците и родителите да останат смирени и да не паничат во вакви ситуацииОбразовниот сектор при општина Тетово, на предлог на органите на државната безбедност, ја зголеми грижата и надзорот над училиштата и континуирано е во комуникација со раководните лица на училиштата и државните органи за безбедност во државата, напиша Касами.