Лазаров: Донесов одлука, следната ќе биде моја последна сезона

7

Кире Лазаров најави дека новата ракометна сезона ќе биде негова последна, потоа става крај на ракометната кариера.

За клупскиот сајт на Нант, Кире Лазаров најави пензија, по наредната сезона ќе престане да игра.

„Тоа ќе биде моја последна сезона, сигурно е тоа, донесов одлука“, вели Лазаров.

„Кога ќе изброите поминаа многу години. Но најважно е да се чувствувате добро, вашето тело да биде добро, да немате болки. Отсекогаш се обидував да бидам професионален колку што можам повеќе. Секогаш сум се чувствувал во добра форма, го сакам спортот, го сакам ракометот, сакам да завршам без потешкотии“.