Лампард е пред отказ, Челзи веќе ја спреми замената!

27

Челзи игра во очајна форма и падна на деветтата позиција во Премиер лигата. Лошите резултати јасно е дека мора да го земат својот „данок“, а прва промена секогаш е тренерската смена.

Бројни светски медиуми пренесоа дека Челзи во текот на денот ќе го официјализира отказот на Франк Лампард. Клупската легенда на клупата ги „загуби конците“ и иако доби вредни засилувања не успеа да ја консолидира играта и Челзи пружаше лоши партии. Јасно беше дека ако продолжи со исто темпо, ќе добие отказ, а времето веројатно истече. За оваа тема пишуваше и угледниот трансфер гуру, Фабрицио Романо.

Како нов менаџер на „сините“ веројатно ќе биде назначен Томас Тухел, кој претходно сезонава остана без ангажманот во ПСЖ. Германецот докажа дека е добар стручњак, па се очекува добро да соработува со германските интернационалци во Челзи.

Отказот на Лампард се очекува да биде потврден денес, а Тухел да биде назначен во наредните денови какон нов менаџер на Челзи.