Лара Иванова: Ако ја освои довербата, на Евровизија ќе запее и на македонски

6

Младата пејачка Лара Иванова ги освои симпатиите на публиката уште со своето прво појавување на македонската сцена. Секоја песна беше добро прифатена од публиката и набргу стануваше хит.

Овојпат Лара влезе во потесниот круг за избор на песна за Евровизија и е една од шесте финалисти кои се натпреваруваат да ја освои двербата на јавноста и запее на големото евровизиско шоу напролет во Торино, Италија.

Пејачката се натпреварува со песната „Flower of Sorrow“ за која вчера објави и македонска верзија „Цвеќе на тагата“.

Пеењето на мајчин јазик, Лара го согледува како многу подобра опција од пеење на странски јазик, особено кога станува збор за Евровизија која воедно е обид пејачите најдобро што можат да ја претстават и доближат својата земја и култура на европската публика.

„Умеам да пеам и на двата јазици, но сепак, мајчиниот јазик ѝ дава душа на нашата музика. Можната нежност на една музичка изведба е целосен круг на автентична интерпретација на една песна, пособено балада каква што е „Цвеќе на тагата“. Со македонската, којашто е всушност оригиналната верзија на песната, сакав да покажам дека може да се пее и на повеќе од еден јазик. Ако публиката ми ја даде поддршката и довербата преку глас на платформата на МТВ, по шест години по настапот на Калиопи на Евровизија, лично имам желба да го продолжам паузираниот тренд и да запеам повторно на македонски јазик пред целиот свет и Европа, без разлика дали во склоп на целата песна или во комбинирана верзија“, истакна Лара.