Лари Кинг хоспитализиран поради коронавирус

24

Познатиот американски телевизиски новинар Лари Кинг е хоспитализиран поради коронавирус, објави „Дејли мејл“.

Како што пренесува британскиот медиум, 87-годишниот Кинг кој е познат по интервјуата емитувани на Си-ен-ен, е пренесен во болница откако еден негов гостин на неговата емисија бил хоспитализиран во Лос Анџелес.

Кинг и` припаѓа на ризичната група пациенти поради неговите години и лошото здравје. Тој имал бројни здравствени проблеми, вклучително и срцев удар, рак на простатата и белите дробови, како и дијабетис од типот два.

Поради лошата здравствена состојба, неговите најблиски не можат да го посетат во болница. Неговата 23 помлада сопруга Шон Кин, како и двајцата синови Ченс и Кенон.
Кинг е американски радиски и телевизиски водител, кој во 1970-те стана еден од најслушаните радио-водители во САД, а светската слава ја достигна на ТВ-мрежата Си-ен-ен како водител на популарното ток-шоу „Лари Кинг Лајф“, кое се емитуваше од 1985 до 2010 година. Добитник е на многу престижни новинарски награди и се смета за икона на популарната култура во САД.

Исто така е познат и по бурниот приватен живот.