Лајчак на 10 март ќе допатува во Приштина заради разговори за патоказот за спроведување на планот за Косово

0

Специјалниот пратеник на Европската унија за дијалогот меѓу Приштина и Белград, Мирослав Лајчак, в петок, на 10 март, ќе престојува во Косово.

Приштинскиот портал Коха.нет објави, повикувајќи се на извори од ЕУ, дека Лајчак ќе се сретне со владини претставници и лидери на опозицијата во Косово.

Две косовски опозициски партии, ДПК и ДСК, се изјаснија против договорот што беше прифатен на средбата меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти во Брисел на 27 февруари.

Минатата недела Лајчак најави посета на Приштина и Белград со цел да се преземат дополнителни чекори за усогласување на патоказот за спроведување на договорот за нормализација на односите меѓу Косово и Србија.