Лајчак по средбата за употребата на динарот во Косово: Ќе бидат потребни дополнителни средби

8

Специјалниот пратеник на Европската Унија за дијалогот меѓу Косово и Србија Мирослав Лајчак денешната средба на претставниците на Белград и Приштина ја оцени како важен прв чекор, но дека се неопходни и други средби бидејќи многу политички прашања остануваат неодговорени.

„Ја поздравувам посветеноста на страните за изнаоѓање одржливо решение за заедниците погодени од неодамнешниот декрет на Централната банка на Косово. Денешниот состанок во рамките на Дијалогот беше важен прв чекор, но многу политички прашања остануваат неодговорени. Ќе бидат потребни дополнителни состаноци. “, напиша Лајчак на мрежата Икс.

Откако тој одделно се сретна со делегациите на двете страни, имаше средба и со финансиски експерти од Србија и Косово, на која се разговараше за можното решение на прашањето за динарот во Косово.