Леванте е во проблеми: Повредата на Барди е сериозна – ќе оди на операција?

7

Леванте, по македонската фудбалска репрезентација, се соочува со проблеми затоа што остана без услугите на македонскиот фудбалер Енис Барди, кој се повреди пред дуелот со Грузија и затоа не настапи ниту против Естонија.

Барди има „дискус хернија“ и најверојатно ќе мора да оди на операција, ако може да им се верува на шпекулациите на „Марка“, иако постои и друг начин за третман на повредата.

Ако заврши на операција, тогаш тоа е дополнителен проблем за Леванте, зашто Барди сигурно ќе мора да паузира неколку недели, па затоа ќе се следи неговата состојба уште неколку дена по што ќе биде донесена конечна одлука.