Лекар од Прилеп позитивен на корона, Гентерм од понеделник ги затвара погоните

Еден лекар од Инфективното одделение во прилепската општа болница е позитивен на корона вирус, а додека друг лекар од истото одделение се наоѓа во самоизолација.

9

Со ова се доведува во прашање и нормалното функционирање на самото одделение.Од Општина Прилеп информираат дека од понеделник, 6-ти април, Инфективното одделение ќе функционирало согласно Оперативниот план за работа во услови на епидемија, односно пандемија и тогаш ќе било утврдено дали постои потреба од дополнителен ангажман на медицински персонал од други одделенија во болницата.Инаку досега од коронавирусот се инфицирани три лица од здравствените институции во Прилеп, вклучувајќи го и лекарот од ЈЗУ Психијатриска болница во „Демир Хисар“. Во моментов на Инфективното одделение во прилепската Општа болница „Борка Талески“ се наоѓаат хоспитализирани 3 лица заразени со коронавирус и сите се со средна клиничка слика. Во Прилеп во овој момент има заразено 22 граѓани со корона вирусот. Нови информации се очекуваат во текот на денот. Резултати се чекаат за 20 мина.Но дел од граѓаните на Прилеп кои сакааат да останат анониимни денеска се пожалија дека иако им било земено брис уште пред една недеча се уште чекаат резултати. Бараат побрзо испитување и тестирање затоа што велат дека тие и сите членови на нивните фамилии живеат под голем психички стрес.Инаку според најновите информации 1 од административните работници во компанијата „Гентерм“ е позитивен на тестот за коронавирус, заради што од понеделник, 6-ти април, фабриката ќе биде привремено затворена. Засега не се знае дали сите вработени од оваа компанија ќе одат во самоизолација. Ова е втора поголема компанија во Прилеп која затвора поради заразен со корона вирус на свој вработен.