Леклер: Ќе го напуштам Ферари ако престанам да верувам во проектот, сега верувам повеќе од кога било
Возачот во Формула 1, Шарл Леклер откри во кој случај би го напуштил тимот на Ферари. Тој во болидот на Скудерија е од 2019 година.
– Гледам на ситуацијата на следниов начин: ако престанам да верувам во проектот, тогаш, можеби, во тој момент ќе заминам. Во овој случај, не можете да го извлечете најдоброто од себе и да му помогнете на тимот колку што е потребно. Но, се разбира, сега не е така. Верувам во проектот како што никогаш порано не сум верувал. Особено откако пристигна Фред [Васер]. Тоа е очигледно. Исто толку е очигледно дека сакам да победам. Убеден сум дека работиме во вистинската насока, изјави Леклер.
Ферари се обидува да стане конкурентен на Ред Бул и останатите ривали за врвот во шампионатот. За таа цел на крајот на минатата година е донесен новиот директор Фред Васер кој на функцијата го наследи Матија Биното.
Во Ферари тимски колега во Формула 1 шампионатот на Лекелр е Карлос Сајнц. На шест трки пред крајот на сезоната Сајнц е на 5.место со 150 бодови, Леклер е 6-ти со 135 бода.