Ленард и Клиперс без милост кон Кливленд (ВИДЕО)

33

Каваи Ленард и неговиот ЛА Клиперс остварија убедлив триумф од 128:103 бад Кливленд Кавалирс.

Клиперси беа посебно добри во третата четвртина која ја добија со 40:21. Првата ѕвезда на екипата, Каваи Ленард беше неверојатен уфрлувајќи 43 поени притоа погодувајќи шест тројки, додека Лу Вилијамс постигна 24 поени.

Хјустон го забележа 13. пораз сезонава, губејќи од Мемфис со 121:110 највеќе по вина на Џејмс Харден. Иако Харден постигна 41 поен, тој промаши дури 24 шутеви (13:37). Дебитантот Џа Морант со 26 поени го предводеше Мемфис до победата.

Сигурен настап имаа Далас и Милвоки. Далас со 124:97 го победи Голден Стејт вориорс, а Словенецот Лука Дончиќ постигна 20 поени и изненадувачки не беше прв стрелец во екипата. Таа чест му припадна на Морис кој даде 21 поен

Милвоки бакс е најдобар тим во Источната конференција, а до 36. победа сезонава дојде во наптреварот против Њујорк никс (128:102). Јанис Антетокумпо вообичаено беше прво име во триумфот со 37 постигнати поени.

Резултати:

Атланта – Феникс 123:110
Бруклин – Јута 107:118
Мемфис – Хјустон 121:110
Милвоки – Њујорк 128:102
Голден Стејт – Далас 97:124
Лос Анџелес Клиперс – Кливленд 128:103.