Летно „кино на отворено“ и во Крива Паланка

17

Совет на млади на Општина Крива Паланка во соработка со „American Pop Up Corner“ организираше кино на отворено со цел анимација на млалдите од градот, за да им се понуди културно-забавна програма во времето на пандемија, со оглед на тоа што сите активности од областа на културата во овој период се сведени на минимум.

Така, во дворот на средното општинско училиште „Ѓорче Петров“ во Крива Паланка синоќа се одржа бесплатна проекција на американски филм.

Настанот се органзиираше во форма на летно кино, филмот беше проектиран на големо платно во предворјето на гимназијата, а столчињатаи „мрзливите вреќи“ кои го симулираа амбиентот на кино на отворено беа прописно дистанцирани соглансо мерките и препораки за заштита од Ковид-19.

Според Александар Величковски, претседател на Совет на млади на општина Крива Паланка, бројот на места за присуство беше ограничен, согласно протоколите од
Минситерство за здравство и комисијата за заразни заболувања, а младите кои присуствуваа изразија желба ваквите активности да се органзиираат почесто.