Лејди Гага повторно на филмското платно

27

Американската пејачка Лејди Гага снима филм со холивудскиот миленик Бред Пит. Филмот го носи називот „Bullet Train“ и се базира на јапонска мистериозна приказна. Приказната е проследена со група убијци со спротивни мотиви. Сценариото е потпишано од Зак Олкевиќ, според јапонскиот роман на Марија Бул, чиј автор е Котоаро Исаке. Поточно акцијата на филмот се одвива во воз што патува од Токио до Мориока, каде има пет платени убијци. Можно е да се смени заплетот од книгата во однос на она што ќе го видиме во филмот. Не е познато дали Гага ќе игра улога на еден од убијците, но нејзината улога нема да биде главна.

34-годишната пејачка беше номинирана за Оскар за најдобра актерка во филмот „A Star Is Born“ но, ја понесе наградата и за најдобра оригинална песна за истиот. Во тој филм играше главната улога со Бредли Купер, а по премиерата на филмот започнаа да кружат приказни дека Бредли и Гага биле во романтична врска иако и двајцата беа зафатени во тоа време.

Бредли беше во врска со руската манекенка Ирина Шајк, со која ја има ќерката Лео Де Сена, додека Гага беше верена со италијански дизајнер, и двајцата раскинаа со партнерите поради наводната афера.