Лејкерс без повредениот Вандербилт следните неколку недели

14

Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Џаред Вандербилт се повреди на натпреварот од регуларниот дел од НБА лигата против Бостон (114:105) одигран ноќта четврток кон петок. По првото полувреме тој не се врати на паркетот.

Дваесет и четиригодишниот Американец на оваа средба одигра 16 минути и постигна 10 поени, 7 скока, 2 асистенции и 3 украдени топки.

Според „ESPN“ Вандербилт ќе пропушти неколку недели поради повреда на десната нога.

Вандербилт тековната сезона во НБА-лигата играше на 29 натпревари и оствари просек 5,2 поени и 4,8 скока.

Лејкерс по 50 одиграни натпревари имаат половичен ефект, 25 победи и исто толку порази и се наоѓаат на 9. позиција на табелата во Западната конференција.