Лејкерс конечно победија, Денвер подобар од Голден Стејт (ВИДЕО)

7

Лос Анџелес лејкерс ја прекинаа низата од пет порази со триумф од 132-123 на гостувањето кај Хјустон.

Леброн Џејмс, кој на овој натпревар играше на центарската позиција запиша трипл-дабл со 32 поени, 11 скока и 11 асистенции. Ваков ефект имаше и Расел Вестбрук, а одлични беа и Малик Монк и Кармело Ентони со по 25, одноно 24 поени.

Стеф Кари стигна до бројката од 3.000 постигнати тројки во својата кариера, но неговиот тим Голден Стејт загуби на гостувањето кај Денвер со 98-86. Никола Јокиќ имаше 22 поени и 18 скока за Нагетс, додека кај Вориорс, Стеф Кари реализираше 23 поени.

НА ОСТАНАТИТЕ НАТПРЕВАРИ
Орландо – Милвоки 110-127
Мајами – Вашингтон 119-112
Торонто – Филаделфија 109-114
Минесота – Њујорк 88-96
Њу Орлеанс – Кливленд 108-104
Сакраменто – Оклахома 117-111