Лејкерс, Хјустон и Милвоки ги декласираа противниците

3

Милвоки Бакс и Лос Анџелес Лејкерс израмнија на 1-1 против Орландо Меџик односно Портланд Трејлблејзерс, додека Хјустон водат со 2-0 против Оклахома во плејоф сериите во НБА лигата.

Лејкерси по неочекуваниот пораз во првиот натпревар, во вториот го декласираа Портланд со 111:88. Дејвос го предводеше тимот со 31 поен и 11 скока, а го следеше Колдвел-Поуп со 26 поени.

Кај Портланд се истакна Лилард со 18 поени. Најдобриот играч на Портланд пред време го напушти теренот поради повреда.


Милвоки предводени од Јанис Адетокумбо славеа над Орландо 111.96. Грчкиот репрезентативец забележа уште еден дабл-дабл (28 поени, 20 скока). Орландо од убедливиот пораз не успеа да го спаси ниту Никола Вучевиќ кој забележа 32 поени и 10 скока.

Хјустон уште еднаш ја победија Оклахома 111:98. Играчите на Мајк Дантони шутнаа 56 тројки што е нов рекорд во лигата, погодија 19 пати. Харден ги предводеше „ракетите“ со 21 поен.