Ливерпул нема пораз една година а Клоп вели: Можеме да бидеме уште подобри!

8

Ливерпул силно гази кон шампионската титула во Премиерлигата, тие 30 години чекаат повторно да станат шампиони на Англија и засега им оди неверојатно добро. Веќе не може ниту да се замисли дека ќе паднат од првата позиција до крајот на сезоната, но Клоп не дозволува опуштање.

„Знаеме дека има простор за напредок и тоа е важно за нас“, вели Клоп.

„Се грижиме само за себеси, можеме да ги подобриме работите и треба да го направиме тоа. Секој фудбалер сака да биде подобар и знае дека може да биде подобар. Има некои работи кои ги направивме подобро на овој меч отколку на претходниот и тоа ни помогна“.

„Одигравме точно така како што треба да се одигра против Шефилд јунајтед. Не мислам дека имало многу вакви натпревари против Шефилд јунајтед во изминатата година. Моите момци не дозволија ништо да излезе надвор од планот, што е навистина тешко“.

„Одигравме навистина многу добро, нашата пас игра беше многу добра, нашето позиционираше беше исклучително добро, дисциплината во офанзивата беше исклучителна. Не им дадовме да ги имаат моментите кои ги сакаат, го контролиравме мечот и сосема заслужено победивме“.

„Ова е интензивен период од годината, но што се однесува до нашите перформанси севкупно, навистина играме многу добро. Тоа ме прави среќен“.