Ли ја реши драмата во Сан Франциско

14

Голден стејт Вориорс и Торонто Репторс го одиграа најнезивесниот натпревар изминатата ноќ во НБА лигата, која ја обележа играчот на Чикаго Булс, Зек Лавин со 45 поени, во поразот на неговиот тим од ЛА Клиперс.

Вориорс ги победија Репторс со 106:105. Во последната четвртина, Вориорс влегоа со предност од 15 поени, меѓутоа на крајот во инфаркт завршница дојдоа до победа.

Ван Вилт на 45 секунди до крајот им донесе предност на Репорс 104:105, а потоа двата тима не реалзираа по еден напад. На четири секунди до крајот Ли беше фаулиран, погоди две од трите слободни фралња и го постави конечниот резултат.

Вориорс успеаја да победат и покрај лошата шутерска вечер на Стеф Кари, кој погоди само два од 16 обиди од поле. Кари мечот го заврши со 11 поени, 9 скока и 6 асистенции. Најефикасни кај Вориорс, со 17, односно 15 поени беа Вигинс и Паскал.

Торонто го предводеа Сијакам со 25 и Лаури со 21 поен.

Резултати:

ЛА Клиперс-Чикаго 137:120
Бруклин-Оклахома 116:129
Њујорк-Денвер 89:114
Хјустон-ЛА Лејкерс 102:120
Минесота-Сан Антонио 96:88