Лончар: Едно дете е оперирано, како и возачот кому му е ампутирана ногата

3

Министерот за здравство на Србија Златибор Лончар по посетата на повредените во несреќата во Бугарија изјави дека нема загинати.

-Ги посетивме сите деца и возрасни и разговаравме со нив. Едно дете е оперирано, како и возачот кому му е ампутирана ногата, изјави Лончар.

„Едно дете има повреди на главата и ќе биде пренесено во Софија на понатамошен надзор, а веројатно и оперираното дете ќе биде пренесено во софија на понатамошно лекување“, нагласи министерот.

Осум деца и четворица возрасни се повредени кога автобус од Србија падна во канал и се преврте на автопатот кон Софија во Бугарија. Најголем дел од повредените се деца, кои, се членови на фолклорниот ансамбл ЈУ-Лира од Батајница. Децата се враќаа од фестивалот во Несебар, а со нив беа и нивните родители.