„Лукаку е многу подобар напаѓач од Левандовски!“

11

Светската фудбалска федерација (ФИФА) задутре ќе ја додели награта за најдобар фудбалер, за која, по подолго време Лионел Меси и Кристијано Роналдо не се главни фаворити, иако се во конкуренција, туку тоа е напаѓачот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски.

Полјакот зад себе има неверојатна година, со Баерн ги освои првенството и Купот на Германија, а потоа триумфираше во Лигата на шампионите и во Суперкупот на УЕФА. Многумина се воодушевени од тоа што го прави Левандовски, но тоа мислење не го дели поранешниот италијански репрезентативец Кристијан Виери.

Според него, во моментотв најдобар напаѓач во светскиот фудбале е – Ромелу Лукаку.

„Доколку Лукаку играше за Баерн, сигурен сум дека ќе постигнеше најмалку ист број на голови како и Левандовски. Не сум сигурен дека Роберт, доколку играше за Интер, ќе постигнеше ист број на голови како и Лукаку. Сметам дека во моментов, Ромелу е најдобар напаѓач во светот, тој е пред Хари Кејн и Левандовски“, порачал Виери.