Лукаќ откако му удри шлаканица на пратеник – „Цел ден ме провоцираше, нема чесност во неговото однесување“

15

Откако дојде до инцидент помеѓу Драган Лукаќ и Драшко Станивуковиќ во Народното собрание во Република Српска, Лукаќ се обратил на медиумите и му порачал дека Станивуковиќ го отурнал од себе затоа што не сакал да му овозможи на било кој начин да го загрози и дека Станивуковиќ провоцирал цел ден со НАТО знамињата.

„Жал ми е за тоа што се случи во Народното собрание. Се извинувам затоа што тие работи не се примерни за Народното собрание, но никој не смее да приоѓа заканувајчи се и да спречува говор“, рекол Лукаќ и додал дека однесувањето на пратеникот не било примерно.

Нема чест во она што поедини пратеници го направија, порача Лукаќ.

Во Народното собрание Лукаќ за време на својот говор рече дека „додека со своите соборци бил на воено поле и ја бранел Република Српска, НАТО авионите му надлетувале над глава, па им порачал на НАТО промотерите дека не им е место во Народното собрание, а потоа му се обратил на Станивуковиќ и му рекол тоа повеќе да не го прави, после што дошло до инцидент.