Мадрид го погодија најголемите снежни врнежи во последните 40 години

28

Бурата Филомена прекри делови од Шпанија со многу снег, при што во половина од земјата е прогласена црвена тревога.

Во Мадрид, една од најтешко погодените области, се очекуваат 20 сантиметри снег во наредните 24 часа. Аеродромот е затворен, исто како и некои патишта. Од синоќа, голем број возила се заглавени на автопат во близина на главниот град, па на помош дојдоа пожарникарите, а во некои места и војската.

Од синоќа, голем број возила се заглавени на автопат во близина на Мадрид (Фото: Ројтерс)

Властите им порачаа на луѓето да ги избегнуваат сите несуштински патувања.

Според локалните медиуми, ова се најголемите снежни врнежи во Мадрид во последните 40 години. Студеното време ќе продолжи и викендов, при што температурите во Мадрид ќе се спуштат до -12 Целзиусови степени.