Македонија е веќе федерализирана

895

На политичка сцена, реалноста вели дека без албанците нема ни свадба ни погреб. Нема ни консензус ни бутур! Нема политика од клучен карактер без амин на албанците. Нема коалиција без албанците. Нема ниво на кое државата се презентра себе си без визуелизација на присуството на албанците. Нема структура од било каков карактер ако нема присуство на албанците како фактор на одлука. Која будала смета дека без албанците може да преземе или направи било што во државава…

Од Агим ЈОНУЗ

Ете, бидна и прославата на рамковниот договор. Се наредија командант до командант, се дигнаа до небо ликовите кои сметаат дека без нив не би постоело сонцето, и толку.  Максимален паралелизам во општеството спакувано во национал-романтистички целофан, a во кој субстрактот е маса која не знае да организира здрава социјална држава. Битно, се вејат бајраци на сите страни. Во меѓувреме лебот е најскап на балканот. Албанците слават како да станале Швајцарци, а на секој втор у публика му фалат пари да купи цигари. Амбиентот е ‘‘ еве, ние победивме‘‘.  Да расчистиме нешто, не може оваа држава да биде држава се додека има триумфализам на албанците над македонците и обратно. Држава е ова или утакмица. Било, и ке остане само едно општествено акционерско друштво. Жалам, ама не можам да го сменам мислењето. Се обидувам, не иде. Тоа што на високо политичко ниво се декларира монолитност, конструктивно единство кое е апсолутно декларативно и за медиуми, тоа е само за да опстанат политичките газови на сцената. Така диригира оној  на калето, каде што некогаш на тоа место  за Ѓурѓовден циганите вртеа јагниња и правеа фешти. Во спротивно, тие истите ( политичарите)  би требало наместо политичари да работат како разнесувачи на пица. После се што покажаа како политичка зрелост, евентуално може да работат како водоинсталатери. А, за правење ‘‘филмови‘‘ – да! Не може никој да направи филмови како нашите политичари. Но, во филмовите играат ‘‘глумци‘‘ а не политичари. Ако земеме во предвид дека во филмовите ликовите се лажни, тогаш многу е едноставен закључокот дека, се е една голема – лага! Самата држава стана една голема лага. Вистината ке остане како истражувачки материјал за следните генерации кои ке сакаат да докторираат на тема ‘‘ си била еднаш една Македонија‘‘.

Одсекогаш сум преферирал да се бавам со суштината, а не со формата. Можеби затоа и никој не ме сака како аналитичар и учесник во дебати, затоа што сум сакал да зборувам за вистината и она што е реално, а не за формата. Формата и обликот на Македонија ја чува НАТО! Они рекоа, ‘‘ не се плашите, границите сега ние ви ги гарантираме, играјте си држава внатре додека ние не одлучиме да ви ги прекроиме границите, а тоа нема да биде скоро. Имате време да пишувате историја на современа Македонија, ама ние ке ви диктираме што да ставите во тефтерот. Она што е битно, ќе имате ‘‘каква-таква‘‘ историја за да не јадете бурек, а што се однесува до Бугарите, не се секирајте и на нив ке им кастриме уши кога ке биде потребно. И така, Додека формата ни ја чува НАТО ние внатре во државата си ја дигестираме суштината која е како фрагмент од филмот ма Monthy Pyton “The meaning of Life”! Овој пат нема да зборуваме за социо-патолошката и економска провалија затоа што таа нема дно, па затоа ке се осврнеме на нешто што ни е пред нос а никој не сака да го признае. Сите се плашат како од ‘‘Баба Рога‘‘ од некаква федерализација на Македонија. Тоа е до некаде дури и смешно. Па, таа е веќе федерализирана! Што треба, само ‘‘потпис‘‘!?  Ајде, народе, биди искрен и немој да признаеш дека Македонија веќе живее во свет на паралелни амбиенти, есапи, конструкции и политики! Дали јас овде тресам ‘‘зелени‘‘! Не!,.. Нее! Ајде, да бидеме реални, аналитични и искрени! Ајде!

Со денецтрализацијата на власта на локално ниво уште на самиот почеток Западна ( а Северна) Македонија целата власт ја распредели по систем на врзани крвни садови. Насекаде албанци. Многу наивно е ако некој рече ‘‘ па што‘‘!,.. држава е ова. Е, па се покажа што држава е, барем до актуелниов историски момент. Нејсе, Таа локална власт организира маса која каква и да е, кога е во прашање ‘‘албанштината‘‘ е десет пати по силна во своето ‘‘јас,.. ние‘‘.. отколку на сите македонци со се дијаспората заедно. Значи, многу наивно е ако некој смета дека може сегментирано да влијае на албанските општини во Западна Македонија без да рефлектира на останатите кои, ако се земе географски зацртано, се една целина која уште утре може да си нацрта карта на ‘‘Западна Македонија‘‘. Некој ја нарекува ‘‘ Илирида‘‘. Наречете ја како сакате, ама западниот дел од Македонија е и амбиентално, и економски и културолошки и како сакаш натречи го заедница сама за себе. Дали треба да се потсетиме дека дури и во сферата на економијата, постои сегмент кој се вика ‘‘Стопанска Комора на Североисточна Македонија’’. Има своја индустриска зона во која нели сега ке се произведуваат автомобили на струја, има свои институции, болници, универзитети, фабрики, туризам. Има развојни планови во кои меѓу останатото се и клучните сообраќајници кон излезот на море, коридори од клучен карактер на Западен Балкан. Граничи со две држави во кои демографијата не е од различен карактер, туку од карактер на заеднички јазик и култура. Семејно и крвно испреплетени. И!? Што да се констатира!? Ајде да одиме понатаму. Од локална власт на ниво на држава албанците не само што се фактор, туку се дури и во клучните структури на естаблишментот. Тотална контрола на системот. Ако некаде немаш Министер, заменик имаш обавезно Албанец. Системот е двојазичен, официјален и зависен од ставот на албанците до ниво на политичка сцена во која фигуративно речено ‘‘ се зависи од тоа на која нога се дигнале албанците сабајле‘‘! Лажам!? Измислувам!? Не! Демантирајте ме, баш би сакал!

Нејсе, ако некој мене лично ме праша каква држава сакам и дали оправдувам федерализација, мене тоа ми е апсолутно небитно. Искрено. Мене ме интересира функционалноста на државата како целина, здравиот развој и некаква иднина во која барем моите следбеници во семејството ќе може да живеат достоинствено и современо. И Швајцарија е ‘‘кантон до кантон‘‘, ама е – Швајцарија! Македонија ги има ( барем ги имаше) сите предуслови да си биде Швајцарија уште на самиот почеток, ама проблемот беше и остана тоа што во Македонија не живеат Швајцарци, туку народ кој ‘‘ниту Д‘‘ од држава не знаеше како изгледа. Остај ти тоа што Македонија била република во рамките на СФРЈ. Газда бил Београд и крај! Како што сега е калето. Македонија самостална, независна, самоорганизирана – никад! Ајде да видиме каква е ситуацијата на теренот ако се продлабочиме во анализата на темата дали е Македонија веќе федерализирана. На политичка сцена, реалноста вели дека без албанците нема ни свадба ни погреб. Нема ни консензус ни бутур! Нема политика од клучен карактер без амин на албанците. Нема коалиција без албанците. Нема ниво на кое државата се презентра себе си без визуелизација на присуството на албанците. Нема структура од било каков карактер ако нема присуство на албанците како фактор на одлука. Која будала смета дека без албанците може да преземе или направи било што во државава. Одиме понатаму. Амбиентално, Македонија е поделена на културолошко, религиозно, јазично и какво сакаш ниво. Дури и на институционално ниво на сите елементи.  Скопје! Некој ке успее да ме убеди дека Скопје не е поделен град!? Тој што мисли дека ке ме убеди е будала! Можеби Македонија не е Швајцарија, ама ако некој ми се спротивстави на мислењето дека Скопје не е ‘‘швајцарско сирење‘‘, имам барем сто аргументи да му затворам уста.

Е, сега да почнеме со сериозна анализа на повисоко ниво. За сега, Македонија е до најситен дел од ткивото ‘‘фрагментирана‘‘! Фрагментирана е  до ниво на дезен на шкотски килт во кој не знаеш која боја пресекува која. Е, во таква атмосфера во која наместо еден центар на државна моќ треба да биде стожер на одлуки од карактер на монолитност и општо добро, ние имаме латентни компромиси во кои треба да се земе во предвид пред било која одлука да не се оштети било која етноцентристичка политичка страна. Сликата која е на хартија, вели дека македонскиот корпус е носител на државноста но само до оној момент кога ке треба да се пресекува. Е сега, прашањето од милион долари е кое е, или која е таа точка после која македонскиот народ нема шанси да одлучува самостојно без да се консултира со албанската страна. Значи, заклучокот е едноставен. Постојат две страни, постои непремостивост во функционирањето без да се има компромис и ‘‘заеднички став‘‘. Федерализација!? Што би променила таа условно речено ‘‘официјална‘‘ федерализација. Македонија е веќе федерализирана пред носот на народот, пред носот на сите оние кои скокаат против. И самите се свесни за тоа, ама го знаете вицот за кокошката која трчала малку повеќе околу кокошарникот дур не ја фати петелот!? Вели, ‘‘ ќе трчам неколку круга повеќе за да не мисли петелот дека сум лесна женска‘‘. Така е во Македонија. Федерализацијата на Македонија е завршена работа. Таа само не е ставена на хартија. Е, сега прашањето е ‘‘зошто‘‘. Еве зошто! Како прво, Албанците не смејат ни уста да отворат,  а камо ли официјално да ја федерализираат Македонија без ‘‘амин‘‘ на американците.Причината е едноставна. Нека се љути кој сака и колку сака, ама онака како што велат дека ‘‘ Тито им ја дал Македонија на македонците 45-та, така американците нас 91-ва‘‘. Американците се газди на Македонија па вие скокајте до таван колку сакате. Комплетната геополитика на балканско ниво е само едно поле за играње ‘‘шах‘‘ меѓу америте и русите. Европа е само продолжена политичка рака на америте. Е, во моментов, а и барем до еден период на америте не им треба ‘‘таласање‘‘. Вака сите задоволни, а функционира. Евентуалната дозвола на американците на албанците да им дозволат официјализирање на федерацијата ке има несогледиви последици на балканот. А, тука, за есап на америте, тие велат ‘‘ќутите и не серите‘‘! Американците успеаја да стават у фиока  (  “stand by” ) еден огромен проект наречен ‘‘ Голема Албанија‘‘, па најмал проблем е микролокално за македонските албанци! Ма дај,.. да простите – ‘‘пичкин дим‘‘! Ама, така треба. Ем, албанците прават што сакаат, ем македонците си имаат држава, ем како – така функционира, ем се лажеме со тоа дека влегуваме у Европа брзо, ем ‘‘ за сите има да крадат‘‘, ем Македонија у НАТО! Фантастична формула.  А,… ‘‘идеме сериозно по европскиот пат и ќе станеме членка на Европа еден ден‘‘ е само фрлена топка за примитивен народ да има со што да се занимава додека геополитиката не одличи што понатаму.  Народот вика ‘‘ урааа‘‘! А што друго да каже!? Жал ми е што ќе морам да повторам една фраза која е многу непристојна а која ја спомнав во една колумна еднаш. Нема друга дефиниција. Не можеш народот да го ебеш онолку колку што тој може да издржи‘‘! А, овој, оваков народ, што друго ти останува освен ( ве молам простете ми) да го ебеш! Да го растуриш!

ООО ЏЕМААТ! О на вујна ти чорапите! Тебе ионака најголем фраерлук у животот ти е да купиш половен стар Мерцедес и да свртиш еден круг по ‘‘Јаја Паша‘‘. Да те видат луѓе. Да мислат дека си фраер. Дека си успеал во животот. Да ти ебам животот кога тука ти започнува и завршува хоризонтот.  Ама се додека си така среќен, некој одозгора е уште посреќен. Не си ти крив. Толку ти е капацитетот. СИКТЕР ДОМА ДА НЕ ТИ ГЛЕДАМ СУРАТ!

(Авторот е редовен колумнист на весникот КОХА)