Македонија заглавена на патот меѓу вакцините и антиваксерите

12

Дури 67% од граѓаните кои  се заразиле со Ковид 19 се невакцинирани а 32% биле целосно вакцинирани. Покажуваат анализите на Министертвото за здравство напоравени од август до сега

Бројот на вакцинирани македонски граѓани со една доза вакцина протов корона Вирусот заклучно со дванаесети декември  е 41,1% ,     а комплетно вакцинирани (со две дози) 39,4 %,   со трета доза се вакцинирани 83.614 лица   . Најголем број на вакцинирани со една доза се население над 18 години, 51%  и со две дози нјајголем опфат има оваа популација  48, 9 ,  додека 57 отсто од граѓаните над 40 години се ревакцинирани. Опфатот кај работноспособното население (18-64 години) со една доза на вакцина изнесува 46,3% додека со две дози вакцинирани се 44,2%. Најголем дел од лицата вакцинирани со две дози припаѓаат на возрасната група од 25- 49 години.

„22 отсто од вакцинираните граѓани постари од 60 години примиле трета доза вакцина. Опфатот со една доза вакцина на полнолетната популација е 50 отсто. Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација“, соопштуваат од Министерството за здравство. Тие апелираат за масовна вакцинација бидејќи тоа е единствен начин за борба против вирусот.

Не секаде во Макеоднија е еднаков степенот на вакцинација. Најмалку интерес за вакцини има во југоистокот но и југозападниот дел на земјата . Ако гледаме по градови тогаш најмногу вакцинирани има вои Југоисточниот дел на земјата Градовите Неготино Кавадарци и Гевгелија каде процентот е над 50 па и Ресен а најмлаку вакцинирани има во Гостивар Струмица и Дебар каде процентот е под 30 . Струмица  е град со најмалку вакцинирано население  27,9% а Неготино со најмногу 54,7%. Во  главниот град Скопје две дози вакцини примиле 38% од населението.

НЕВАКЦИНИРАНИТЕ НАЈМНОГУ СТРАДААТ

Дури 98% од оние кои завршиле во болница поради Ковид 19 се невакцинирани односно,  67% од граѓаните кои  се заразиле со Ковид 19 се невакцинирани а 32% биле целосно вакцинирани. Покажуваат анализите на Министертвото за здравство напоравени од август до сега.  Дури 98%, од оние кои имале проблеми со корона вирусот а завршиле во болница биле невакцинирани. Само 2% од моментално хоспитализираните се вакционирани со две дози вакцина . Невакцинираните се и најголеми жртви. Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата. Во период од 6.08 до 16.12.2021 на територија на државата починале 2272 лица со Ковид 19, 1790 пациенти од починатите не биле вакцинирани, а само 21% примиле вакцина.

Анализите кои ги направило Министертвото за Здравство покажуваат дека починатите имале и повеќе  комбинирани хронични заболувања. Тие биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас, како и пациенти кои се вакцинирале во странство со вакцини на Модерна и Џонсон. Најмногу аплицирани вакциини се  се Фајзер 768.352, Синовак 494.265 Синофарм 304.078 Астра Зенека  135.278 а најмалку вакцини се примени од производителот  Спутник 45.992.

,,Министерството за здравство укажува на важноста на вакцинација, секоја вакцина која ја имаме на располагање е безбедна. Апелираме граѓаните да се вакцинираат, само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на СарсКов2.,, бараат од Министертвото за здравство.

За 2022 пола милион вакцини Фајзер  од кои 1% за деца  

Пола милион вакцини ќе бидат набавени за 2022 година одлучи Владата . Тие ќе бидат набавени исклучиво од производителот Фајзер (Pfizer). Еден процент од набавените вакцини ќе бидат наменети за децата помеѓу пет и 12 години , тоа се таканаречени педијатриски дози и се вкупно 10 000.

Согласно информацијата дозите за возрасните да почнат да се испорачуваат од месец мај, а педијатриските дози во првото тромесечје на 2022 година, а вкупната количина треба да се испорача до декември 2022 година.

,, Набавката на оваа количина вакцини против КОВИД-19 за 2022 година е заради заштита на јавното здравје и за рестартирање на економијата како јавен интерес.,, велат од Министертвото за здравство.

КАКО ДА СЕ ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА ВАКЦИНИРАНИ?

Владата до сега не најде успешна формула како да го зголеми бројоит на вакцинирани бидејќи за имунизација е потребна вакцинација на околу 70% од населението велат експертите.  Пропадна обидот на Комисијата за борба против заразни болести да воведе задолжителна вакцинација за лекарите и администрацијата.  Овој предлог беше одбиен од Владата иако го подржа и Сојузот на Стопански комори на Македонија  .Тие бараа да се воведе задолжителна вакцинација и во приватниот сектор. Но дилемата се отвори што со работниците кои не сакаат да се вакцинираат? Предлозите одеа од тоа да прават ПЦР тестови на сопственок трошок и да ги дфоставуваат до работодавачите , до тоа работодавачите да ги плакаат нивните ПЦР тестови. Бидејќи ниту едното ниту другото решение не беше прифатливо Министерот за здравство реши дека нема да бидат казнети работниците кои не сакаат да се вакцинираат. Според  него не постои механизам како законски би се реализирало тоа.

,, Од друга страна реално, тоа е голем финансиски товар. Што ќе се случи со работници кои не можат да го издржат товарот да прават тестови, а не сакаат да се вакцинираат? Тоа значи дека истите тие компании тие работници треба да ги отпуштат“, изјави Филипче по одлуката на Владата да не се воведува задолжителна вакцинација на лекарите и администрацијата . Не се воведоа дополнителни рестриктивнио мерки за борба против Ковид 19.

Владата  донесе одлуката само за еднократна финансиска награда во висина од 30 денари по пациент за матичните лекари ако достигнат и надминат опфат од 70% со вакцинација на своите пациенти од вкупниот број запишани кај нив, како дел од мерките за поголема имунизација на населението. Матичните лекари ќе го добијат бонусот за пациентите кои ќе се вакцинираат против Ковид-19 на крајот на пролетта или почетокот на летото 2022 година. Најголем број на пациенти кои ги има еден матичен лекар е 2.500, во просек околу 1.000 пациенти, и дека не е сума која треба да се занемари.

На ова реагираа матичните лекари  нрекувајхќи го предлогот на Министерот Филипче и Владата за плаќањето бонус по вакциниран пациенбт непристоен.  Тие не прифаќаат ваков модел на стимулации , реагираа дека се секогаш условувани за да добијат покаќена плата наместо да се наградени.

„Нашите пациенти две години слушаат корона и за вакцини така да доволно се информирани, доволно свесни, се консултираа изминатите две години, секој пациент со својот матичен лекар и нормално тие кои што сакаа и можеа се вакцинираа“, соопшти претседателката на  Здружението на приватните лекари на Македонија Лидија Дервишова .

За сега нема размислувања за воведување на задолжителна вакцинација на населението.

УНИШТЕНИ ВАКЦИНИ СО ПОМИНАТ РОК

Македонија на почетокот на Октомври годинава уништи  13.000 дози вакцини кои ги доби кои беа  донација од Бугарија произведени од Фајзер .  Рокот на вакцините бил до 30 септември, а од вкупно 51.480 дози вакцини искористени биле 38.480 дози.

Досега во неколку наврати сме издале решенија, односно одобренија за уништување на вакцини на производителите Фајзер, Астра Зенека и на Синофарм, информираше Љирим Шабани, в.д. директорот на „Малмед“ Агенција за лекови и медициснки средства .Но директорот не даде податок колкави количини досега се уништени и колку чинело уништувањето на лековите.

Уништувањето на сите лекови е пропишано во Законот за лекови. Ние тоа редовно го правиме за сите регистрирани лекови, не само за вакцините. Со тие исти прописи беа уништени и досегашните вакцини. Вакцините се уништуваат на неколку основи – истек на рокот на важност, промена на самата вакцина откако ги поминала сите процеси, или пак, ако е направена некоја отстапка од ладниот ланец при транспорт“, информираше  Шабани. Во агенцијата се пријавиле и граѓани кои сметале дека имаат несакани последици по вакцинирањето а добиле пријави и од  88 фармацевти, како и од 10 здравствени работници.

АНТИВАКСЕРИ И ТЕОРИИ НА ЗАГОВОР

72% од испитаниците сметаат дека светот го водат неколку моќни семејства, 65 % мислат дека Ковид-19 е креиран во лабораторија за да се контролираат луѓето

“Стоп за фашистичките мерки“ под ова мопто антиваксерите протестираа минатиот месец во Скопје и други градови револтирани од мерките кои ги најавуваше владата за можна задолжителна вакцинација на лекарите и администрацијата.  Тие ниосеа транспаренти на кои пишуваше  „Не за задолжителна вакцинација“, „И вакцинирани можат да заразуваат“, „Стоп за дискриминација“, како и „Мое тело, мој избор“. Протестите не беа масовни но тие повеќе  своето влијание го шират на социјалните мрежи. Нивните тези се дека : ,,Терапијата против ковид е смртЌ , “Вакцината е отров” “Бил Гејтс сака да изврши депопулација на планетата.”  Ваквите ставови се одразуваат на јавното мислење што покажува и последната анкета направена од Институтот за демократија „Социетас цивилис“ (ИДСЦС)  спроведена  во соработка со Претседателскиот центар за политичко образование во јуни 2021 година, покажа дека мнозинството на граѓани верува во теории на заговор кога е во прашање Ковид 19.

Според истражувањето спроведено на терен, 72% од испитаниците сметаат дека светот го водат неколку моќни семејства, 65 % мислат дека Ковид-19 е креиран во лабораторија за да се контролираат луѓето, 46% дека климата се контролира со сателити и радари, 44% дека се запишани повеќе мртви од ковид бидејќи Министерството за здравство давало пари, 46% дека од авиони се прска вирусот, 29% мислат дека климатските промени се измислица и 57% дека големите медиуми шират лаги.

Во вакви теории на заговор повеќе веруваат невработените, оние кои што имаат основно и средно образование, напрема оние со вироко образование.  А помалку веруваат граѓаните меѓу 30 и 39 години  во споредба со други возрасни групи .

,,43% високообразовани сметаат дека Министерството потплатувало, додека истото мислење е присутно кај 53% од оние со средно,,

,, Високото образование е фактор којшто влијае врз подложноста кон теориите на заговор. Така, постои забележлива разлика кај ставовите околу пандемијата, каде што 65% од високообразованите сметаат дека таа е креирана за контрола на луѓето, наспроти 74% од оние со средно образование. 43% од оние со високо образование сметаат дека климата се контролира со радари и сателити, наспроти 58% од оние со средно и 62% – со основно. Слично е и со теоријата за фалсификување на бројот на мртви од КОВИД-19, каде што 43% високообразовани сметаат дека Министерството потплатувало, додека истото мислење е присутно кај 53% од оние со средно и кај 61% од оние со основно образование. Во однос на степенот на образование, разликата е видлива уште кај теоријата дека климатските промени се измислица, но таа е помеѓу оние со основно образование (42%) и оние со средно и со високо (околу 30%).“ се наведува во Истражувањето .

Во вакви услови Макеоднија останува со ниска стапка на вакцинирани граѓани а со постојан број на заразени кој во проценти се движи во последните месеци помеѓу десет и 15 проценти.

(Овој текст е изработен како заеднички проект помеѓу Vijesti.me од Црна Гора и весникот “Коха” од Македонија)