Македонија за првпат на министерски состанок на НАТО учествува како полноправна членка

Македонија денеска за првпат ќе учествува на министерски состанок на НАТО како полноправна членка, откако документот за нејзиното членство беше депонирано во Вашингтон во на 27 март. Министрите за надворешни работи на змејите-членки за првпат Северноатлантскиот совет ќе го одржат преку виео-конференција поради мерките воведнеи за заштита од ковид-19.

13

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, најавувајќи го состанокот рече дека на состанокот „ќе и биде посакно добредојде на Северна Македонија како триесетта земја членка“.

Предвидено е министерскиот состанок во фокус да ја има кризата со ковид-19, поточно координација меѓу земјите членки околу помошта за справување со кризата, а ќе бидат презентирани и мерките што НАТО и нејзините членки ќе ги преземат за време на кризата

„Столтенберг информираше дека на состанокот ќе се разгледаат моѓностите за користење на воените капацитетите и структурата на НАТО за да се зголеми и забрзаме поддршката на Алијансата на националните одговори на Ковид-19. Клучната задача на НАТО, сепак потенцира Столтенберг, безбедноста и одбрана на над милијарда луѓе во светот мора да се сочува и да се осигура дека здравствена криза нема да прерасне во безбедносна криза.

На министерскиот состанок на НАТО освен за Ковид-19, ќе се разговара и за основните операции и мисии на Алијансата, вклучително и за борбата против тероризмот, мировниот план за Авганистан и помошта за Украина и Грузија.