Македонија прими 1.269 автоматски пушки од САД, вредат 1,2 милиони долари

8

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска прими 1.269 автоматски пушки М-4 како донација од САД, а американската амбасадорка Кејт Мари Брнз рече дека истите вредат 1,2 милиони долари.

– Целта на оваа донација е интероперабилноста. Двете армии да можат полесно меѓусебно да се помогнат, што е обврска кога се оди на заеднички вежби и операции, рече Шекеринска.

Таа дополни дека е достигнат НАТО-критериумот 20 отсто од буџетот на армијата за одбраната да се одвојува за модернизација.

Амбасадорката Брнз рече дека автоматските пушки се наменети за лесната пешадија и дека донацијата е уште еден доказ за американско-македонската долготрајна одбранбена соработка

– Вашата земја не треба да е само подготвена и активна како најнова сојузничка во НАТО, туку да биде добропозиционирана и да соработува со нашите сили, наведе Брнз.