Македонија со новиот предводник Милевски домаќин на Ерменија во квалификациите за СП

2

Најдобрата фудбалска репрезентација на Македонија под водство на новиот селектор Благоја Милевски вечерва ги продолжува натпреварите во Квалификациите за СП во 2022 година.

Црвено жолтите во првиот дуел од септемврискиот квалификациски циклус се домаќини на незгодната селекција на Ерменија.

Без легендарниот капитен Горан Пандев и искусните Тричковски и Крсте Велковски, новиот селектор Милевски со неколку повратници и дебитанти во тимот ќе се обиде да продолжи онаму каде што застане неговиот претходник Ангеловски и да продолжи со се подобрите игри и резулати на националниот состав во квалификациите.

По историското учество на ЕУРО 2020 ова ќе биде првиот натпревар на Македонија на домашен терен.

Пред вечерашниот натпревар против Ерменија кој се игра на арената Тодор Проески од 20 часот и 45 минути , атмосферата во македонскиот тим е позитивна како што истакнаа селекторот Милевски и новиот капитен Стефан Ристовски на синоќешната прес конференција.

„Имавме кратко период за подготовки, но тоа што го видов од момците ми дава за право да бидеме позитивни. Периодот е специфичен, многу од фудбалерите сеуште го немаат правиот натпреварувачки ритам, или имаат мала минутажа во своите клубови, тоа може да биде наш проблем, но затоа се освежувањата во тимот. Знам дека ќе го дадат својот максимум и ќе потврдат дека со право се тука,порача селекторот Милевски .

Слично размислува и новиот капитен Ристовски.

– Без ралика на промените доаѓаме од ЕП и мислам дека треба да гледаме позитивно и тоа да ни биде поттик за уште подобри резултати. Фудбалот е веќе до степен да немаме многу време за размислување, кратко време за подготовки, три натпревари, имаме промени во составот, но доволно сме професионалци да продолжиме каде што застанавме. На теренот нема поделба на стари и млади. Сите треба да одговориме на предизвикот. , вели Ристовски

По три кола во Групата Ј од мундијалските квалификации нашиот вечерашен противник Ерменија е лидер во групата со 9 бода, пред црвено жолтите и првиот фаворит Германија.

Во септемврискиот циклус македонскиот национален тим ќе одигра и средби против Исланд на гости на 5 септември, три дена подоцна на 8 во Скопје гостува селекцијата на Романија.