Македонска ракометарка вмешана во допинг скандал во Романија!

12

Македонската ракометна репрезентативка, Наташа Нолевска е дел од неколкуте ракометарки на клубот Корона Брашов кои паднале на допинг тест.

Околу седум ракометарки на клубот „Корона Брашов“ меѓу кои и нашата Наташа Нолевска поминале терапија со интравенски ласер во клиниката во Брашов. Таквата терапија е забранета од ВАДА и се смета за нелегална.

Сите ракометарки потврдиле дека ја користеле таа терапија, а романската антидопинг комисија откако ќе ги сослуша сите спортистки ќе ги одреди висините на суспензиите.

Ракометарките вклучувајќи ја и Наташа Нолевска се суспендирани од 27. ноември, а на четврти декември се очекува да биде соопштено колку долги ќе бидат суспензиите.

Три од ракометарките се репрезентативки на Романија, Кристина Ласло, Бјанка Базалиу и Дацијана Хосу, тие нема да настапат на престојното Светско првенство во Јапонија.

Покрај казните за играчите можно е и суспендирање на клубот од европските клупски натпреварувања.