Македонските одбојкари поразени и од Чешка во Европската златна лига

2

Македонската одбојкарска репрезентација со два пораза го заврши првиот турнир во Златната лига.

„Црвено-жолтите“ синоќа во „Парк“ во Струмица загубија од Чешка со убедливи 3:0 (по сетови 25:16, 25:15 и 25:16).

Во првото коло, Македонија во петокот загуби од Естонија исто така во Струмица со 3:1.

На другите натпревари одиграни вчера:

Романија – Азербејџан 3:0

Хрватска – Финска 3:1

Луксембург – Португалија 0:3.

По две кола, со максимални шест бода на врвот на табелата се Чешка, Португалија, Украина и Хрватска.