Македонските одбојкари со пораз ги почнаа настапите во Европската златна

2

Македонската одбојкарска репрезентација синоќа во Струмица загуби од Естонија со 3:1 во првото коло на Европската златна лига.

Македонците го добија само вториот сет со 25:14, а гостите првиот со 25:23, третиот со 25:19 и четвртиот со 25:22.

Резултати на другите натпревари одиграни вчера:

Романија – Азербејџан 3:0

Хрватска – Финска 3:1

Луксембург – Португалија 0:3.

Следниот натпревар македонската репрезентација ќе го има утре, со Чешка, исто така во салата „Парк“ во Струмица.