Макрон – Моите изјави за НАТО беа повик за будење

19

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека неговите забелешки дека НАТО е во состојба на мозочен удар биле корисен повик за будење на членовите на Алијансата. Тој рече дека неопходно било да има повик за будење, оти земјите членки веќе не соработуваат за стратешките и за низа други клучни прашања со кои се соочува Алијансата.

„Треба отворено да се зборува за финансиските и за техничките работи, со оглед на влоговите со кои се соочуваа Алијансата во моментот“, рече Макрон по средбата со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во Париз.

Неговите забелешки за НАТО предизвикаа силна реакција од земјите членки.

Макрон денеска рече и дека европските земји треба да бидат вклучени и во разговорите за склучување на иден договор меѓу САД и Русија за нуклеарно ограничување. Претходниот ваков договорот се распаднаа оваа година.