Макрон ја повика ЕУ повеќе да се заложи за Западен Балкан

4

Францускиот претседател, Емануел Макрон, повторно повика ЕУ повеќе да се залага и да инвестира во Западен Балкан поради новите напнатости на тоа подрачје.

„На тоа подрачје денеска владее нова напнатост. Историјата таму се повторува, а понекогаш таа е и трагична“, рече Макрон, најавувајќи ја европската конференција за Западен Балкан што ќе се одржи во јуни наредната година во рамките на француското претседателство со ЕУ.

„Денес имаме посебна одговорност кон Западен Балкан. Мораме таму да водиме политика на повторно залагање, но и инвестирање за да ја поттикнеме општествената интеграција на тоа подрачје и да го сузбиеме вплеткувањето и манипациите на некои регионални сили кои преку Балканот сакаат да ја дестбилизираат Европа – истакна францускиот претседател на прес-конференцијата во Елисејската палата.

„Мислам дека оваа политичка работа на Западен Балкан е вистинско прашање на суверенитет за Европа, бидејќу Европа на мирот не ќе може да се оствари во идните педесет години, ако Западен Балкан го оставиме во сегашната состојба“ – додаде Макрон.

Тој повика и да се разјаснат европските перспективи на земјите од регионот (Албанија, БиХ, Србија, Црна Гора, Македонија и Косово), кои веќе со години чекаат пред вратите на ЕУ. Челниците на ЕУ на самитот во Словенија во октомври годинава, ја потврдија поддршката за интеграција на Зашаден Балкан, но одбија да донесат временски план, барајќи повеќе реформи и решавање на судирите од минатото.