Манчестер јунајтед викендов без повредениот Каземиро

7

Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Каземиро, ќе го пропушти утрешниот премиерлигашки натпревар против Шефилд поради повреда, соопшти синоќа неговиот клуб.

Каземиро остана во Бразил да се рехабилитира од, како што е наведено, помала повреда која ја здоби настапувајќи за својата репрезентација во мундијалските квалификациски натпревари против Венецуела и Уругвај.

Јунјатед наведе дека одлуката Каземиро да остане во Бразил е донесена со цел фудбалерот да закрепне „што е можно поскоро“.

Клубот од „Олд Трафорд“ додаде оти очекува Каземиро да се врати во составот на почетокот на идната недела.