Манчестер јунајтед две до три недели без повредениот Хојлунд

2

Англискиот фудбалски гигант Манчестер јунајтед во следните две до три недели нема да може да смета на својот 21 – годишен напаѓач Расмус Хојлунд поради мускулна повреда.

Непланираната пауза на данскиот голгетер доаѓа во незгоден момент за Јунајтед, бидејќи Хојлунд беше стрелец во последните шест натпревари во Премиер лигата.

Јунајтед потврди дека Хојлунд нема да биде во составот за дуелот против Фулам овој викенд.

Клубот од „Олд Трафорд“ е шестопласиран во моментов на табелата во Премиер лигата со 44 бодови, пет помалку од четвртопласираната Астон Вила која е на последното место што води во Лигата на шампиони следната сезона