Маричиќ во правда, Шахпаска седнува во труд и социјала, Бочварски во транспорт и врски

143

Изненадувања во предлозите на СДСМ за новиот владин состав. Меѓу новите кадри кои ќе седнат на Илинденска се Бојан Маричиќ кој ќе раководи со ресорот правда, досегашната пратеничка Јагода Шахпаска ќе биде министерка за труд и социјала, а штипскиот градоначалник Благој Бочварски ќе седне во столчето на министерството за транспорт и врски. Ресорот култура ќе го раководи досегашната пратеничка Ирена Стефоска. Предложените кадри за првиот владин ешалон за Плусинфо ги потврди висок функционер на СДСМ.

Оливер Спасовски се враќа во Министерството за внатрешни работи, а Венко Филипче останува министер за здравство. Фатмир Битиќи ќе биде новиот вицепремиер за економија. Вицепремиерско место има и за Њупчо Николовски. Со Секретаријатот за европски прашања ќе раководи Никола Димитров, Радмила Шеќеринска. Мила Царовска ќе биде министерка за образование. Горан Милевски го задржува министерството за локална самоуправа.

По седницата на Извршниот одбор предлозите за министри треба да добијат виза од Централниот одбор на партијата.