Министерот за правда Бојан Маричиќ денеска се сретна со претседателот на Судскиот совет, со кого разговарале за спроведувањето на Законот за Судскиот совет, како и околу улогата на Судскиот совет однос на отворањето на Поглавјето 23 и исполнувањето на европските стандарди за независно и ефикасно судство.
Како што соопшти Министерството за правда, во фокусот на денешната средба била темата за зајакнување на одговорноста на судиите. Маричиќ истакнал дека Судскиот совет е клучната институција која треба да го спроведе објективното и непристрасно прочистување на судството, во соработка со меѓународните партнери.
„Маричиќ истакна и дека наскоро се очекува да започне и ЕУ мониторингот на судските случаи со висока корупција, но и дека ќе биде сојузник и поддршка за кадровското зајакнување на судовите со стручни соработници“, се вели во соопштението.
На средбата, тој уште кажал дека дека иако ситуацијата со ковид-19 го спречи Министерството за правда да врши редовен надзор над функционалноста на АКМИС-от во судовите, но и дека надзорите ќе продолжат во наредниот период.