Марк Маркез мора на операција по ужасниот пад

11

Најдобриот мотоциклист на денешницата Марк Маркез ќе мора да биде подложен на операција бидејќи се утврди дека му ја скршил коската над лактот.

Да потсетиме, непосредно пред крајот на денешната трка во Херез, тој претрпе сериозен пад од моторот во моментот кога се обиде да го престигне Маверик Виналес, а деталните прегледи ја констатираа споменатата повреда.

Исто така беше објавено дека возачот на Хонда ќе биде опериран во вторник во Барселона.

Засега останува непознато колку долго Маркез нема да биде на патеката.

Патем, во првата трка од Мото ГП од новата сезона, Французинот Фабио Квартаро победи на Петронас Јамаха.