Маск: Ако умрам под мистериозни околности, ми беше мило што ве запознав

4

Директорот на SpaceX и Tesla, Илон Маск, на Twitter објави мистериозна порака која се однесува на негово евентуално „умирање под мистериозни околности“.

„Ако умрам под мистериозни околности, ми беше мило што ве познавав“, напиша тој на Twitter.

Објавата следи неколку дена по најавата на Маск за купување на Twitter за 44 милијарди долари. Маск беше во преговори со големи инвестициски фирми и поединци со големи нето вредности за преземање на поголемото финансирање за аквизиција на Twitter.

 

Пред да го објави твитот, Маск сподели објава до руските медиуми од Дмитриј Рогозин, поранешен заменик премиер на Русија и сегашен директор на Роскосмос, во која се наведува дека шефот на SpaceX е вклучен во „снабдување на фашистичките сили во Украина со воена комуникациска опрема“.

„И за ова, Илон, ќе бидеш сметан за одговорен како возрасен човек, без разлика колку и да се правиш будала“, пишува во објавата.

Како што е наведено во пораката, испораката на опремата на Starlink е извршена од Пентагон. Во февруари, кога изби руско-украинската војна, SpaceX по барање на Украина ја активира интернет услугата на Starlink.