‘‘ МАЈМУН РАДИ ШТА МАЈМУН ВИДИ‘‘

168

Во кој правец оди менталниот склоп на младите во Македонија ако се земе во предвид дека не постои никаква солуција освен сервираната во државата? Ако евро-интегративните процеси се подразбираат како  некаков чекор напред, како да се замаскира улогата на ‘‘постарите мајмуни‘‘  пред ‘‘младите мајмуни‘‘  додека овие првиве сеуште очигледно вежбаат држава и политика, до гуша се заглавени во криминал и корупција, одржуваат дисфункционален систем, а башка секој мрази секого во време во кое Европа вели ‘‘ само заедно и со заеднички сили‘‘!

Од Агим ЈОНУЗ

Алберт Ајнштајн рекол ‘‘државата е настаната поради човекот а не човекот поради државата, затоа таа треба да биде наш слуга, а не ние нејзини робови‘‘! А, јас ке прашам која држава! Имаме ние држава!? Не, ние имаме селска задруга, во која владее амбиентот на стиховите од Џорџе балашевич ‘‘парада пијанства и кича‘‘. Опиеноста од власт и парада на искомплексирани бели мајмуни кои сметаат дека ако се зачешлале и избричиле, не личат веќе на мајмуни. Секако фигуративно де! Јас не мислам дека политичарите се мајмуни. Луѓе се, какви такви. И тие, се идоли на маса млади кои останале во државата следејки го својот анестезиран сон кон само една конструкција. Како да влезат во политика како единствен начин нешто да се успее во животот. И така младите мајмуни следејки ги големите мајмуни, доаѓаат во полн израз во онаа досетка што шеташе по Београд на времето а која вели ‘‘ мајмун ради шта мајмун види‘‘! Каков пример му даваш, така мајмунот те емитира. Ајде да анализираме каква младина стои зад Македонија, ако се земе во предвид дека политичките партии се тие кои креираат амбиент на живот. Значи, да започнеме од почеток.

Какви промени може да донесат младите ако уште од деца се моделирани по терк на ‘‘ партијата ти е и татко и мајка‘‘. Онолку колку што имаме партии, толку имаме и ‘‘мајки и татковци‘‘ кои младите уште во раните години ги кројат како што се потребите на партијата и нејзината ‘‘програма за светла иднина‘‘. Имаме два вида млади. Едните, кои викаат ‘‘ма да ти ебам и партија и држава и ваква иднина‘‘, одам да мијам чаши по светските барови, фаќам прва шанса да се изгубам од тука засекогаш, и другите кои или немаат избор, или храброст, или можност да одат, па се помируваат со живот во кој како и да анализираш, резимето е дека правило е дека нема правила. Секако, освен да си најдеш дебела сенка под чадорот на некоја партија. Тогаш ти немаш потреба да се секираш за својата иднина зашто бездруго партијата ке ти ја скрои. Ако дочекаш некаква ‘‘ смена на генерации ‘‘ во партијата а ти во меѓувреме си се изналепил доволно плакати и си отишол по доволно буреци, можеби и ке станеш некој фактор а во нај оптимистичко сценарио ке бидеш на некоја листа за пратеник или советник. Но, во меѓувреме треба да го изостриш сенсот за полтронство до максимум, за да создадеш имиџ на ‘‘ лојален‘‘ а со самото тоа и подобен. И така, млад, перспективен, во цутот на младоста и способноста, стануваш модел на  бескичмењак чија судбина и иднина зависи од судбината и иднината на партијата на која и припаѓаш. Ти, семејството, и се околу тебе.

За да не бегаме од темата и насловот од колумната ‘‘ мајмун ради шта мајмун види‘‘, да се фокусираме на податокот дека една држава има младина онаква каква што храни, одгледува, воспитува, едуцира и усмерува. Зборуваме генерално. Каква е ситуацијата во државата од аспект на поставување критериуми што е тоа ‘‘успешен човек‘‘. Живееме во апсолутно извртен систем на вредности, во кои академската, уметничката, просветната и лекарската фела е во тотално дно од аспект на награденост, на почитување и респект. За слободоумните, храбрите и оние кои не се помируваат со извртениот систем на вредности Македонија не е во ниедна комбинација за останување и ‘‘чекање старост‘‘. Но, една голема маса која останува во државата, соочена е со единствениот избор на модел на функционирање кој се вика ‘‘партизација на животот‘‘. Во тотално партизирана држава во која поделеноста е по сите основи за кои можеве три дена да дискутираме, доаѓаме до поразителна вистина во која се соочуваме со поделена младина, исто така по сите основи. И?… Што можеме да очекуваме од младината која сакала или не мора да се однесува онака како што некој од партискиот штаб му наметнал дека треба да се однесува. Ајде да земеме неколку примери. Како прво етноцентристичкиот, национал романтистичкиот модел на практикување на политика создаде маса на латентни националисти меѓу младите кои не затоа што сакаат да се такви, туку затоа што виделе дека тоа функционира, па се поставуваат пред предизвикот на иднината како модел кој е веќе ‘‘ на сцена‘‘ а е профитабилен. Овој модел на ‘‘растење на младина‘‘ не и носи добро на Македонија апсолутно. По ова прашање, со соочуваме со многу голем лицемерен амбиент во кој, ‘‘ сите се проевропски и современи‘‘, а од друга страна, сите се спремни секој момент да му забијат нож во срцето на другиот секој момент. Доколку во Македонија во некаква блиска иднина не и се случи ‘‘ граѓански определена опција‘‘, младите немаат друг избор освен да останат заробени во филозофиите на етноцентризам и на она што постарите претходници го сервирале. Тоа е од аспект на етноцентризмот. Онолку колку што е модел на практикување политика, толку е и гробар на граѓанската опција на Македонија. А со самото тоа и на младите и нивната амбиентална иднина. На младите што и која друга филозофија им останува освен филозофијата на ‘‘мајмунот го прави тоа што мајмунот го гледа‘‘! Во апсолутно материјализиран свет на вредности, младите во својата сооченост со критериумот ‘‘ успешен човек‘‘ влегуваат во филмот на ‘‘или политика или криминал‘‘. Со оглед на тоа дека секого не го бидува за класичен криминал, политиката е опција која дозволува се и сешто. А што е корупцијата, непотизмот, контрола на моќта и разни малверзации ако не – криминал! Организиран. Значи, можеме слободно да кажеме дека младите во својот избор се соочуваат во сите комбинации со криминал. Во разни верзии. Е па, на друго место пари – нема! И наместо младите да се усмерат на надежта како да бидат успешни професионалци во своите области, тие во бркањето критериум на успешен човек во сите можни комбинации ја калкулираат и како политиката која единствено може да им ги отвори портите на успехот.

И кога некој ке праша што е поентата на колумнава, таа би рекол дека е едноставна. Македонија преку триесет години функционира на принципот на импровизација на држава. Зошто, да не беше тоа така, сега веќе ке имавме сосема поинаков амбиент на живот внатре во државата. Што сакам да кажам!? Цели генерации изгубивме не усмерувајки го како треба да функционира демократско здраво општество со владеењето на правото. Можеби декларативно да!,.. но само декларативно. Ако се водиме од старата народна поговорка дека ‘‘ крушјата под крушка паѓа‘‘, ние не можеме да очекуваме оваква младина да профункционира никако поинаку од шаблонот кој го држи во заробеништво прогресот во Македонија. Додека корупцијата, криминалот, непотизмот и нефункционалноста царуваат во Македонија, помладите генерации кои се останати во државата не може да имаат ниту поинакви учители, ниту поинакви идоли во својот живот. Феноменот на современа, европска, стабилна, просперитетна држава во рамките на иднината не може да се етаблира ако следната генерација политичари функционира онака како што ‘‘ учителите‘‘ ги научиле. Се случува трагедија во континуитет. Младите имаат инструментализиран ум и свест, затоа што она што го гледаат како некаков поим за успешност е далеку од европските стандарди. Ама, некој ке рече, функционира! Да, функционира ама како! На тоаа најдобар одговор може да дадат сите оние млади кои на време побегнале од заробеништвото на идолопоклонството кон Али Ахмети, Мицко, Таче, Хасан, Масан,..

Во кој правец оди менталниот склоп на младите во Македонија ако се земе во предвид дека не постои никаква солуција освен сервираната во државата? Ако евро-интегративните процеси се подразбираат како  некаков чекор напред, како да се замаскира улогата на ‘‘постарите мајмуни‘‘  пред ‘‘младите мајмуни‘‘  додека овие првиве сеуште очигледно вежбаат држава и политика, до гуша се заглавени во криминал и корупција, одржуваат дисфункционален систем, а башка секој мрази секого во време во кое Европа вели ‘‘ само заедно и со заеднички сили‘‘! Ако како што рековме крушката под крушка паѓа, ако велиме дека мајмунот го прави тоа што мајмунот го гледа, дали сме во многу поголема септичка јама од оваа во која пливаме? Јас не би рекол дека младите се глупави, ама теренот кој им е простиран пред нос е таков. Забрането е да се менува филмот, затоа што во тој филм критериумите за ‘‘ успешен човек‘‘ функционираат фантастично комерцијално. Не секој политичар е ‘‘црна овца‘‘, во политиката има и поединци од кои може сериозно да се научи и нешто добро, ама таквиот тип на политичари се ставени на маргините од политичката сцена без можност да имаат никакво влијание. Дури и оџите и поповите се многу по чесни кон младите затоа што нивната парола е ‘‘ слушај ме што зборам, не ме гледај што правам‘‘, додека учителите на политичката сцена се децидни и императивни во нивната фраза која вели ‘‘ прави како што јас правам, не гледај што зборам‘‘! Обратно. И нејсе, да ја заокружиме колумната со еден заклучок ко е поразителен. Младите немаат од кого да учат современа политика, немаат пример како изгледа здрава дрмократска држава, немаат идоли кои се современици на дваесет и првиот век, немаат простор за промени затоа што политиката и државата се инертни во своето практикување на секојдневието. А, башка муабет е просперитетот, иднината и благосостојбата.

Е па политичари, идите бре у пичку лепу материну! Барем избегните ги фразите во кои велите дека верувате во младината, во новото време и иднината со нив. Па вие први маме и ебавте на таа младина. Ја осакативте. Направивте најобични зомби кои во вас гледаат пример. А, каков пример сте вие? Никаков! Да бевте некаков, барем пола од младите кои побегнаа ке ви веруваа дека има надеж! И ебавте мајка дури и на надежта. Што очекуваш од младите? Ке бидат исти како вас, зато што ги тренирате за тоа. И што!? Сметате дека сум вулгарен и навредлив со тоа што викам ‘‘мајмун ради шта мајмун види‘‘!? А што друго мајмунот да прави? Што гледа!? Вас! Мрш у пичку лепу материну!

ООО ЏЕМААТ! Јас не пишувам колумни за Хазрети хасан! Јас пишувам колумни за вистината, за тебе, за мене, за него! Па и  Аллах/ Господ,  ја сака вистината. Да! Само вистината! Вистина е дека сум малку непристоен и дека псујам! Нека ми ги прости Аллах/ Господ гревовите. Ама, желбата да отерам се у пичку лепу материну не може да ми ја избрише. Одвнатре ми доаѓа! Појако е од мене. Барем во себе ако не на глас. АЈ СИКТЕР ДОМА …. за тебе само чизма и камшик! ESTAGFIRULLAH!!!! TYBE YA RABBIM!..

(Авторот е редовен колумнист на весникот КОХА)