МВР во акциска контрола казни 160 моторџии

7

Полицијата констатираше 160 прекршоци кај возачи на мотоцикли во акциската контрола што ја спроведе синоќа од 17.00 до 23.00 часот во целата земја.

„31 учесник управувале мотоцикл пред да се стекнат со право за управување (без возачка дозвола), седум учесници управувале со измината важност на регистрација на мотоциклот, пет учесници управувале со нерегистрирани мотоцикли, 94 учесници не користеле заштитен шлем (кацига), а констатирани се и 23 други прекршоци направени од страна на оваа категорија учесници во сообраќајот“, соопшти МВР.

Акциската контрола ја реализирале Секторот за сообраќајни работи при Бирото за јавна безбедност, во координација со организационите единици за контрола и регулирање на сообраќајот на територијата на Република Северна Македонија.