МВР во акција за детектирање и санкционирање на изборен поткуп и притисок врз гласачите

21

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека преземаат соодветни мерки за детектирање и санкционирање на сите форми на изборен поткуп и притисок врз гласачите.

„Во таа насока ги информирам граѓаните дека во текот на изминатите денови СВР Скопје презеде мерки и активности и постапи врз основа на објавен видео клип со наслов ,,Организиран поткуп на гласачи од структури на МВР и пратеници од СДСМ” при што во содејство со полициски службеници од Одделот за Внатрешна контрола и професионални стандарди во координација со ОЈО, идентификувано е лицето кое што се наоѓа на видео клипот односно утврдено е дека се работи за лицето Ш.Е. од Скопје, вработен во Одделението за управни служби во МВР којшто на подрачјето на Општина Шуто Оризари во непосредна близина на општината врши соодветна активност со група граѓани од ромска националност“, велат од МВР.