МВР: Во соработка со Германија запленета е марихуана вредна над 100 000 евра

4

Во соработка со германските служби за борба против недозволена трговија со дрога на територијата на Германија е запленета поголема количина марихуана, соопштија од МВР.

Станува збор за марихуана со висок квалитет чија вредност е проценета на над 100 000 евра.

Во акцијата на почетокот на септември на германска територија уапсено е едно лице, а истрагата за овој случај, додаваат од МВР, продолжува и понатаму.

СПОДЕЛИ