МВР: Казни за 429 лица за неносење заштитна маска

6

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата регистрирани се 429 прекршувања на мерката за носење заштитна маска, соопшти МВР.

Истовремено, Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со ковид-19.