Меган и Хари купија куќа за 14 милиони долари, невиден раскош ФОТО

14

Принцот Хари и неговата сопруга Меган купиле и се вселиле во нов дом во Монтесито кај Санта Барбара, скапиот крајбрежен град северно од Лос Анџелес, јавуваат светските медиуми.

Војводата и војвотката од Сасекс кои ја напуштија британската кралска должност минатата година, претходно живееја во родниот Лос Анџелес на Меган, каде набрзо влегоа во судска постапка поради нелегалните фотографии на нивниот син Арчи.

– Двојката се пресели во семејниот дом во јули годинава. Тие се надеваат дека нивната приватност ќе се почитува заради нивните соседи, но и заради нив како семејства – изјави нивниот портпарол за АФП, без да прецизираат локацијата на куќата.

Според медиумите „Пипл“ и „Пејџ сикс“, нивниот нова куќа е на подрачјето на Санта Барбара околу 150 км северно од Лос Анџелес. Во тој град живеат и Опра Винфри и Елен Деџенерис.

Имотот во Монтесито, кој вклучува куќа со девет спални соби и 16 купатила, базен, игралиште и градина со рози, ќе чини 14,7 милиони долари, објавија странските медиуми.

– Тие сакаат да го одгледаат Арчи таму и се надеваат дека ќе имаат што е можно понормален живот – изјавил анонимен извор за „Пејџ сикс“.

Фотографиите можете да ги погледнете ТУКА.